Специјалните обвинители Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски го ИСПЕРДАШИЈА како магаре и му порачаа на валандовскиот Фикус: Господине Иванов, No Pasarán!

0
1144

Специјалните обвинители Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски испратија одвоени писма до Ѓорге Иванов да донесе одлука со која ќе ја поништи аболицијата која своеволно и без ничие барање им ја дал на тројцата.

Tие му пишуваат на Иванов дека донесената одлука ја темелел на непостоечки членови од Законот за помилување. Тие му укажуваат на Иванов дека “основен услов да ослободи лице од кривично гонење е против истото тоа лице да се води кривична постапка, а против сите тројца обвинители не е покрената кривична постапка“.

Бидејќи ги посочува како осомничени или извршители на кривично дело, а тоа не се, и бидејќи им е нанесена огромна штета на угледот на професионален и на приватен план, тие најавуваат дека ќе ги користат сите правни механизми што им стојат на располагање и ќе бараат соодветна отштета и за нив и за поблиското семејство.

Обвинителката Фатиме Фетаи, како правник, му вели на Иванов сериозно да ја преиспита вербата и стручноста на неговиот правен тим, кој го советувал да донесе ваква незаконска одлука, повикувајќи се на непостоечки членови од Законот за помилување.

„Еден од основните услови да ослободите лице од кривично гонење е истото тоа лице да се гони кривично, а дали некое пријавено лице ќе се гони кривично или не, одлучува јавен обвинител“, му вели специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на претседателот Иванов.

„Ја одбивам Вашата ’добрина’ и ’милостина’, која патем, треба да ја чувате за, како што изјавивте, во иднина. Но и во иднина Ве замолувам немојте неразумно да се расфрлате со неа за мене. Јас како јавен обвинител треба да бидам пример за правичност и затоа инсистирам да одговарам за моите постапки, како што и ќе инсистирам секој да одговара за своите, без исклучок. Ова последното е потсетување дека не сум од класата на Вашите ’политичари’ на кои несебично им ја поделивте Вашата ’милостина’, со цел и на начин разбирлив само Вам, преку неказнување на потенцијалните извршители на тешки кривични дела, да стимулирате социјална катарза и да постигнете благосостојба во општеството на подолг рок. Видливо е дека ќе ја постигнете целта која ја најавивте, само во обратна смисла“, пишува во писмото обвинителката Фетаи.

Таа истакнува: „Не, господине Иванов, Но пасарáн. Доколку сметате дека не сте дел од валкани игри и смислени конструкции, еве ви добра шанса тоа делумно да го докажете. Без разлика на Вашата одлука, за сторената повреда на мојата чест и углед ќе ги искористам сите правни средства. На крај, само да Ви посочам дека во изведбата на најсрамниот чин во историјата на Република Македонија при неразбирливо брзање, барем за мене не требаше толку да брзате, всушност сте ја помилувале Фатиме Фетаи од Гостивар. Верувам дека сте мислеле на мене, односно сугестиите Ви биле за мене, само што требало детално да Ви ги кажат моите лични податоци. Јас не сум од Гостивар, живеам во с.Боговиње – Тетовско и со целата оваа рашомонијада која ја направивте, Вие тотално го избришавте правниот систем во Република Македонија.“

Обвинителката Лиле Стефанова му напишала на Иванов дека „Ослободувањето од кривично гонење на лицата кои се наведени во Вашите акти за помилување само поради тоа што се политичари или јавни обвинители, во никој случај не може да биде оправдано, а најмалку под изговор за високи државни интереси. Кривичната пријава на која Вие се повикувате во актот за моето помилување е вешто направена конструкција со цел да се наштети на мојот личен и професионален углед и на угледот на Обвинителството во кое сум вработена, а се со цел да се влијае на постапката во која беа осомничени поранешни министри и сегашни функционери во Владата на Македонија“.

И обвинителот Гаврил Бубевски бара од претседателот веднаш да донесете одлука со која надвор од правна сила ќе ја стави одлуката за помилување.

„Спремен сум да Ви доставам и образец за тоа како да изгледа, затоа што немам некоја искрена верба во Вашиот правен тим, вие треба само да го потпишете. За жал, Вие сѐ уште сте овластен потписник на такви акти“, му пишува обвинителот Бубевски на Иванов.

„Зошто едноставно не го побаравте уписникот на кривични пријави и не ги ослободивте од гонење сите пријавени? Дали Вашиот правен тим, кој и да учествува во него, Ви посочил дека за да се ослободи човек од гонење треба некој да го гони?“, пишува во писмото на Бубевски до претседателот Иванов.