Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

Специјалната обвинителка се пожали на опструкции за изборот на тимот: И еден да не и изберат, Катица си дава оставка

katica-janeva6-540x373

Ако макар и еден од листата на 14-темина заменици-специјални обвинители биде отфрлен и неизгласан од Советот на јавни обвинители на седницата идната недела, кога треба да се случи изборот, специјалната обвинителка Катица Јанева ќе си поднесе оставка, неофицијално дознава “Вест“.

Со неа, велат изворите на весникот, ќе се повлече и целиот тим.

Откако минатата недела Советот на јавни обвинители не ја закажа седницата која се очекуваше за избор на четиринаесетката на Јанева, во јавноста веднаш се протолкува дека владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сакаат да ја блокираат и да ја развлечат постапката за комплетирање на специјалното обвинителство, а со тоа и стартот на неговата работа и дека преку рокот за избор не успеале тоа да го направат, па сега пробуваат преку членовите на Советот.
СЈО минатата недела се изјасни дека не може да премине веднаш на избор, без да побара и претходно да добие од Јанева општ работен, персонален и финансиски план за работењето на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Целиот текст ОВДЕ

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ