Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција објави разговори за кои рече дека потврдуваат дека полицаецот Игор Спасов, припадник на специјалните полициски сили, бил на должност кога е убиен Мартин Нешковски. Тој, вели Заев, и според Јанкулоска, имал усна наредба од Дејан Митревски-Урко.
„За Јанкулоска е најважно да се тера режираното апсење на Љубе Бошкоски. Вистината била прикривана од МВР и од обезбедувањето на Груевски. Од разговорите се гледа дека во МВР има паралелна безбдносна структура“, вели Заев.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
ГЈ: Ало?
ИК: Ало, ај момент само со директорот да се чуете, па после…
ГЈ: Ајде.
СМ: Ало?
ГЈ: Ало. Еј, што направивте?
СМ: Горде. Тука се кај мене сите, Горанчо, Иво…
ГЈ: Аха.
СМ: Слободно можеш да кажеш дека е расчистено.
ГЈ: И што испадна?
СМ: Е испада од ЕЗС припадник, му има удрено не сакајќи, незгодно и овој починал, што да правиш, тоа е.
ГЈ: Добро сега. Се случуваат и такви работи, тоа е тоа.
СМ: Се случува. Битно го расчистуваме.
ГЈ: А не бил на должност, така…овој?
СМ: Бил на должност, како не.
ГЈ: Бил, а?
СМ: Па бил на должност по усмена наредба, знаеш кога има такви настани обично се испраќаат да го обезбедуваат просторот. Не го обезбедувал Премиерот, туку просторот.
ГЈ: Да де да. Јавен ред и мир.
СМ: На митингот.
ГЈ: Ништо сега, тоа е. Кој и да е.
СМ: Тоа е. Овие што дигаат паника па ти. Кај се решава ваков случај у еден саат, што сака…
ГЈ: Не бе, ние да немаме притисок…
СМ: Починал ноќеска и утре сабајле до 10 да расчистат.
ГЈ: И никој не кажал. Пак е индикативно што…
СМ: Идентификуван и покојниот. Особено ни требаше еден ден, ќе се каже дека…
ГЈ: Да де да, Иво ќе си објасни тоа.
СМ: Дека покојниот никој не го пријавил. Го идентификувавме со отпечатоци.
ГЈ: Кој испадна сега дека е?
СМ: Ало?
ГЈ: Ало? Кој испадна дека е убиениов?
СМ: Некој џанкер.
ГЈ: Добро, ама и тоа нека си се каже. Да се спомне дека уставри имал нарушено здравје…
СМ: Вината знаеш ја префрламе на него. Џанкер не џанкер, тоа е негова определба животна.
ГЈ: Да де да. Не добро, сега ние и да е џанкер не…
СМ: Го нема направено со умисла…
ГЈ: Не е решение…
СМ: Нити пак со сигурност сакал да го убие, тоа ти е. У таа гужва…Е сега за комуњарите, што да речам сега?
ГЈ: Нека пукнат!
СМ: Да не помислат на оваа работа. Една работа не ни помина без некој малер.
ГЈ: Супер ова што се расчисти, да си го тераме ние другово од вчера.
СМ: Да, да, да. Еве Иво искача, ќе ги вика овие и готово.
ГЈ: За да не земат централно место. Сега за што ќе протестираат? Добро, супер, штом се расчисти одлично. Одлично.
СМ: Е така. Кажи ми ако е таму Премиерот, кажи му и готово.
ГЈ: Па ќе му кажам. Јас искочив за да зборам на телефон, да не ме слушаат сега цела Влада. Ќе му кажам сега да знае дека е завршено.
СМ: Океј.
ГЈ: Океј. Ајде.
СМ: Ајде. Чао.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер
МП: Ало
ГЈ: Што праиш бе Мартин?
МП: А бе детево наш член било, од Карпош.
ГЈ: Па јас ти кажав. Приказната шо ти ја кажав преѓе, таа е.
МП: Мм.
ГЈ: Значи, до збор.
МП: Од овие некој?
ГЈ: А бе со усна наредба…чекај сеа вака, меѓу нас кажано, на кого може Урковци усна наредба да му издадат у единица у која не се старешини? Така?
МП: Ммм.
ГЈ: Се нервирам, зошто еве, за ваков случај, не можеш бе да го скриеш. Не можеш да го скриеш. Убиство имаш, мртов човек имаш. На време, да не нé кочеа…
МП: А, што е причината за убиството?
ГЈ: А бе, не е…види сеа, причината за убиството. Овој, преѓе шо ти кажав, дошол малиот у Дом на АРМ, сакал да влезе, овие го избуткале, пошто овој што е од Тигриве, од нивнава банда, бил таму. И после го видел уште еднаш на искачање, кога искачавме од АРМ и детево се сопнало и овој го скршил од мавање. Значи, нити бегал, нити не давал да му стават лисици.
МП: Леее…
ГЈ: Се нервирам, значи, два дена фактички, еве добро сеа што се затвори случајов, два дена јадеме ќотек ко никој. И така за таква работа не можеш без пријава да поминеш. Место да кажат ваква и ваква беља направивме, ај сега како да се вадиме.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протогер
ГЈ: Се нервирам зошто толку изгубивме на овој случај.
МП: Тоа е Горде, ќе пегламе.
ГЈ: Да, сега уште некој јак ќе спукаме…А бе, Љубе ни пропадна ради овој.
МП: Да.
ГЈ: Мислам, не ни пропадна, ама му е….е знаеш како, триумфалистички.
МП: Да, да, да.
ГЈ: Сеа ја се кријам, денес не давам изјави, никој не искача у јавност, место да се фалиме, да се чаталиме. Али, се на сé, добро е што се затвори случајот. Само вака, си се нервирам што е така некој малоумен не му текнува дека не можеш убиство да скриеш.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер
МП: Горде?
ГЈ: Е
МП: Може ли уште денеска пред истражен да отиде овој?
ГЈ: Може, ама треба прво препознавање да се направи. Сеа со Урко се расправав на телефон.
МП: Тоа е, што да ти кажам.
ГЈ: Два дена чекале да видат шо да праат бе. Така ми вика.
МП: И ја му реков, викам, требаше одма да кажете, Брза помош, нешо ќе направме, ќе го изведевме некако.
ГЈ: Да де, да. Па за тоа му се јавив. Овој идиотов негов, изјава дава дека не го тепал. А, овој збумбарен, не се познава кој е.
И ќе го извадат. Сега мислам дека ќе одат со препознавање прво, таква е процедурата…
МП: Мора уште вечерва да биде, Горде.
ГЈ: Да бе, да. Ќе се чујам сега со…
МП: Сеа зборев со претседателоТ, за да ја затвориме темава побрзо.
ГЈ: Сега ќе ги притиснам, многу се нервирам. Вика, чекавме два дена да видиме шо да праиме. Така ми вика.
МП: А, мене ми рече, многу лажат бе. Мене ми рече, а ја одма му кажав, немав детали, ама одма му кажав на претседателот.
ГЈ: Да бе, и шо му рекол, еве убивме и претседателот шо му рекол, браво бе, така треба, хахаха.
МП: Не, не, не, дека овој се опирал три пати…и така.
ГЈ: Ама, еве и да е така, во што, ја се сомневам, тој наркоман, сучка, овие…и тоа овој шо е…
МП: Сучка? Ја мислев дека крупен бил.
ГЈ: А бе, наркоман е Мартин.
МП: Урко вика, така бил покрупен, па се одметнал, се оттргнал.
ГЈ: Не знам каков бил, ја го неам видено, ама наркоман, шом е…
МП: Да.
ГЈ: А, иначе, овој што е полицаецов Игор, претходно бил кај вас таму.
МП: Знам бе, го знам.
ГЈ: Добро што сега не е таму.
МП: Го знам Спасе, не да Боже да се…што да ти кажам.
ГЈ: Што да ти кажам.
МП: Тој Хитлер од кај вас, Урко ми кажа, нејќел да каже дека Специјална била ангажирана за обезбедување.
ГЈ: Па нејќел, па нејќел, зошо не била.
МП: Знам дека не била, знам.
ГЈ: Не може, се одговара кривично за тоа. Он е командант. Не може сеа он да го покрива него.
МП: Знам, знам.
ГЈ: Мислам, тоа знаеш која флека е за МВР?
МП: Знам.
ГЈ: Уште повеќе ќе се дозаглавиме. Подобро, ја оплескавме до овде, и да не заглавуваме други луѓе.
МП: Да. А, како ќе се изведе сеа. Шо барал овој од Специјална таму?
ГЈ: Не знам, сеа ќе мислиме шо барал. Не знам ни ја, хаха. А бе, шо барал. Знаеш шо барал. Му се јавил Урко, доаѓај, тоа барал.
МП: Да де, да, знам.
ГЈ: Пошто Хитлер ако го прати, не смее да го прати без униформа од Специјална. Треба у затвор Хитлер да иде за ова.
МП: Да.
ГЈ: Мислам, Хитлер ни е ептен вака, ок човече.
МП: Знам, знам, знам.
ГЈ: Ама, од една глупост да не влегуваме во друга. Цела полиција ја компромитираме. Да помислиме пола саат, саат шо да кажеме и тука да застанеме. Затоа и му се јавив.
МП: Дека приватно бил таму.
ГЈ: Не, кажавме више дека со усна наредба, некако ќе видиме, СВР Скопје, јавен ред и мир, нешто ќе смислиме, ќе најдеме начин.
МП: Добро, добор.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протогер
ГЈ: Мартин шо праиш бе?
МП: Добар бе еве…јадам
ГЈ: На здравје да ти е…
МП: Здравје да имаш…
ГЈ: Слушај…мислам дека ај ова ќе се заврши, некако мора да им се стаи јасно на знаење на овие, дека не оди вака…
МП: Мхм….
ГЈ: Нерви искинав, три пати со Урко се слушам…
МП: Мхм…
ГЈ: Е сеа последно на овој му текнало не сум јас…
МП: Како не сум јас…
ГЈ: Е па така сеа нашиве мора да потпишат записник пошто сериозна работа е бе за убиство збориме…
МП: мхм..
ГЈ: Е не сум јас со молчење сеа ќе се бранам… А ние освен исказ негов ништо неаме… му се јавив на Урко малку да се прибере нека не зафркава, ние излеговме денес тој е вака така и сега не сум јас… а он е
МП: Он е а?
ГЈ: Па он е бе Мартин
МП: Дообро, да му кажам на човекот сакаш?
ГЈ: Мислам дека треба да ги стегне он вака, да ги опомене за однесувањето
МП: Да му спомнав ја зборев… непрофесионално е да се лаже така, за таква работа
ГЈ: Прво е непрофесионално да се лаже, второ ајде да сме опозиција па праи пара структура, ние сме партија на власт, носиме одговорност, зошто има потреба он да се јавува по телефони, по луѓе негови, значи он ги бира, ти ќе дојдеш, ти ќе дојдеш, место да се јави на тој што е старешина кој е исто така наш колку шо е он наш и да ги организира како што треба да се организира… ако ништо друго, ако има проблем да сме со процедура покриени…
МП: Добро…
ГЈ: Пази сега, ние викаме имаме признание од полицаец, пошо де факто го имаме а нема службена белешка бе ќе му текне на некој од комуњариве… и они биле на власт знаат како се работи…мора… му се јавив сеа на Урко ама така пошо се нервирам ти се јавив и на тебе…
МП: Хахаха…
ГЈ: Мора да го затвориме до вечер ова. Овој уште се заебава пази седи два саати у станица, све договорено као ќе се тера работава и вика не бе не сум јас, не го потпишувам… шо идиот ќе беше не знам
МП: Еее, шо идиот, зошто е тргнат од кај нас
ГЈ: Ептен кнако е, ептен кнако е тој…
МП: Ти текна?
ГЈ: Ми текна…
МП: Зошо беше тргнат…
ГЈ: Прашање на ден беше коа ќе напраи вакво нешто
МП: Да…
ГЈ: И добро шо е таму а не е кај шо беше претходно…
МП: Мхм…
ГЈ: Е тоа е… ајде со здравје…
МП: Се слушаме ајде…
ГЈ: Ај чао