Спасов: Најновиот слоган на Груевски веројатно гласи: Ако пропаѓам јас нека пропадне и државата

0
413

Сител најавува ексклузивно интервју со премиерот Груевски во 19 часот.Неговите портали прес 24, Курир и Република збеснаа по објавувањето на планот за работа на Катица Јанева. Брутално ја напаѓаат. Му пропадна планот со законот на Талат и Муковски за спречување на бомбите. А Љубиша Герогиевски , и Мирка говорат дека Груевски дозволил странците да му ја одземат власта и да ни ја киднапираат државата . Очигледно нервозата кај Груевски расте. Што ли ќе измисли овој пат? Од него веќе се може да се очекува. Неговиот најнов слоган веројатно гласи: Ако пропаѓам јас нека пропадне и државата.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов