Спасовски: Ја видов втората снимка од инцидентот во Битола, да не судиме прерано

0
194

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска порача дека ќе се сочекаат сите аргументи за инцидентот во Битола со Ромите, па потоа ќе се носи суд за таквиот настан.

„Како и секој граѓанин, така и јас ја видов снимката. Но, да ги сочекаме фактите, за потоа да носиме суд за таквите настани. Постапката е во истрага. Јас не оправдувам никакво насилство и тие што не ги почитуваат законите, ќе сносат одговорност. Напад на полицаец е напад на државата. Ние треба да ја штитиме македонската полиција, затоа што секогаш бараме помош од нив“, истакна Спасовски.