СПАСОВСКИ : ТУРЦИЈА Е НАША БРАТСКА ЗЕМЈА И ЌЕ ГО ЕКСТРАДИРА ПАЛЕВСКИ

0
353

„Побаравме од Република Турција да се достават дактилоскопските податоци, папиларните линии. Денеска тие се доставени и ќе бидат предадени во ЈО. Очекувам дека наскоро ќе стигнат и материјалите за ДНК анализа преку меѓународната правна помош.

Ги имаме сите биометриски податоци коишто се наоѓаат базата како и за секој граѓанин. Меѓутоа, потребно е да се земат и преку овој тек на постапка сите дактилоскопски податоци и на барање на обвинителот и профили за ДНК. Сето тоа ќе биде соберено, ќе се направат сите потребни вештачења според наредбите коишто ќе се добијат од ЈО“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

Тој додаде дека во однос на деталите од вештачењата, обдукцијата не може да навлегува во суштински детали на постапката. Тој дополнително додаде дека тоа може да го направи само јавниот обвинител.„Имавме инфомации пред неколку дена од страна на ЈО. Јас очекувам дека благовремено секој податок, информација којашто ќе биде релевантна ќе може директно да биде соопштена со јавноста. Тоа е многу важно, да се утврдат сите аспекти, да се обезбедат сите докази, за да може конечно сето она што е сомнение се потврди“, потенцираше Спасовски.
Тој заклучи дека Турција е наша братска земја којашто ја подржува нашата земја од првиот ден од осамостојувањето.

Нашите два народи се мост на соработка меѓу двете држави. Тој дополнително додаде дека е апсолутно уверен дека кога станува збор за спроведување на правда, посебно за вакви грозоморни убиства, нема место да се размислува дека не би постапиле правилно, односно да го екстрадираат Палевски.
Спасовски нагласи дека Министерство за внатрешни работи целосно го заврши својот дел од работите од оваа фаза на разоткривање на трагедијата и грозоморното убиство коешто се случи. Во понатамошниот тек секако дека ќе постапува и ќе биде вклучено за сите аспекти и прашања, потреби и прибирање на информации од обезбедување на нови докази по барање на јавниот обвинител, бидејќи јавниот обвинител ќе ја води истрагата и ќе ги цени доказите“, изјави министерот за внатрешни работи.

Тој додаде дека министерството поднело кривични пријави на стотина страни каде што се презентирани сите докази кои биле обезбедени во тој момент, коишто се доставени до јавното обвинителство.

„Веќе имаме оценка од јавниот обвинител во однос на прибирањето на доказите, вештачењата коишто се поклопуваат со она што досега е приберено. Меѓутоа, важни се две работи. Едната работа е важно што системот брзо и ефикасно реагираше и дојдовме до разоткривање на случајот и притоа се откриени сите сторители на ова грозоморно убиство. Второ е важно што целиот овој процес мора до крај да се разработи, да се заврши и да се утврдат сите аспекти. Можно е да има проширување на истрагата се со цел да се дојде до конечната вистина во однос на мотивите и сето она што претставува интерес во однос на целиот случај.

Тој посочи дека тоа е најважната работа за сите граѓани во оваа држава.
„Има многу аспекти во криминалистичката истрага коишто согласно постапувањата по сите стандардни и оперативни процедури значат и обезбедувањето на доказите со кои практично ќе се потврди инволвираноста на сите оние кои во моментот се осомничени“, заклучи Спасовски.