Спасовски : Сум се сликал и со најголемиот криминалец Груевски, ама тоа не е вест, исто како што не е дека имаме приведено 400 криминалци од потерници

0
175

Во последната година до две полицијата има откриено преку 400 лица од потерниците на МВР, сторители на кривични дела, а со години не се презеле никакви мерки против нив. И сега тоа не е вест, дека МВР има 400 приведени криминалци, ама е вест е дека министерот некогаш се фотографирал со некого.

Во последните месеци имаме спречено четири меѓународни канали за шверц на дрога. Имаме приведено многу лица учесници во дистрибуцијата и продажбата на дрогата. Таа акција во Скопје, во Грчец, комплетно ја водеше Јавното обвинителство, од организација до спроведување. За фотографиите кои се појавија дека сум се фотографирал со некои криминалци, па јас имам слики и со Груевски и со други од ВМРО ДПМНЕ, па има ли поголеми криминалци од нив?