СПАСОВСКИ : СУЗБИЕНИ СЕ 13 КРИМИНАЛНИ ГРУПИ СО 100 ЧЛЕНОВИ

0
485

Во текот на 2023 година се бележи намалување на криминалот за осум проценти, сузбиени се 13 криминални групи со над 100 лица, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на годишниот брифинг со новинарите.

Тој како главни настани ги спомна одржувањето Меѓународна конференција на Интерпол во Охрид, како и министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.

Спасовски исто така посочи и на справувањето со миграциските токови, усогласувањето на правната рамка за миграција со Меѓународната конвенција за мигранти, ја нагласи и борбата против тероризмот, спречувањето на трговијата со дрога, каде, како што рече, се бележи голем напредок.