СПАСОВСКИ : СО ПОСЕБНО ЗАДОВОЛСТВО ПРИСУСТВУВАВ НА ГОДИШНИОТ ПРИЕМ НА ОБСЕ, НА ПОКАНА ОД ШЕФОТ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ, АМБАСАДОРОТ КИЛИАН ВАЛ

0
240

Во овој пригоден момент во мое лично и во име на Министерството за внатрешни работи изразив искрена благодарност за досегашната успешна соработка на МВР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која изминативе децении е од круцијална важност за градење на демократските капацитети на институциите и зајакнување на безбедноста, не само за граѓаните, туку и на регионално и глобално ниво.

Еден од елементите на нашата одлична соработка е имплементацијата на проекти и проектни активности кои во голема мерка придонесуваат за забрзана професионализација на полицијата и успешно извршување на работните задачи на организациските единици во рамки на Министерството.

Упатувам лична благодарност до амбасадорот Вал и на неговите соработници за поддршката и досегашните заложби во јакнењето и модернизирањето на капацитетите на МВР, со уверување дека и во периодот што следи продолжуваме во насока на нејзино надградување.