Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

СПАСОВСКИ : СО МАНИПУЛАТИВНИОТ БУЏЕТ НА ВЛАДАТА, ВО СЛУЧАЈ НА КРИЗА ЌЕ НЕМА ПАРИ ЗА ПОМОШ НА ГРАЃАНИТЕ

Предлог буџетот на владата  е манипулативен и нема никаква јасна визија. Ваквиот буџет кој е проектиран на 6,5 милијарди евра е нереален, неразвоен и недомаќински и е креиран за предизборни цели.
Македонија ќе биде единствена земја во регионот, која не прави ништо и не планира ништо во 2025 година за фискална консолидација, а во случаја на криза, не сме сигурни дека ќе може да се остваруваат функциите на државата, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на Комисијата за финансирање на буџет.
– Доаѓаат локалните избори, па затоа е направен и овој буџет кој е крајно невизионерски, за тоа каде сакаме да ја видиме државата понатаму. Како што не можеме да ја видиме ниту во остварување на стратешките цели. Овој предлог буџет е манипулативен, затоа што досега, нема нешто што не е направено, од власта, а да не е со цел да се манипулира македонската јавност“, рече Спасовски.
Спасовски потенцираше дека во буџетот предвидува раст на БДП за 3,7 процени. И ова е нереална прогноза на која укажуваат сите релевантни странски фактори, дека не е можно да се постигне раст, од 3.7 проценти на БДП.
„Ова е прв показател дека буџетот е манипулативен. Ова покажува дека фискалната политика која е прикажана со овој буџет, нема компас. Зошто? Затоа што Македонија ќе биде единствена земја во регионот, која не прави ништо и не планира ништо во 2025 година за фискална консолидација. Ако ги погледнеме сите држави од опкружувањето, ќе видиме дека буџетскиот дефицит е сведен на помалку од 3 проценти, додека на овој предлог буџет имаме буџетски дефицит од 4 проценти. Тоа покажува дека не оставаме простор во овој дел да се консолидира финансиски државата и ако дојдеме во ситуација на каква било криза да може да бидеме сигурни дека и дека ќе може да се остваруваат сите функции во државата, дека ќе може да се помогне, во бизност, на граѓаните и ќе можеме да бидеме стабилни во делот на економијата, рече Спасовски.
Тој објасни дека и Законот за буџет предвидува дека може да имаме буџетски дефицит од 3 проценти, па на сам старт Владата ни нуди пред Собрание да се донесат незаконски одлуки, а тоа е и буџетот.
– Дополнително, што јавниот долг веќе годинава ќе помине границата од 60 проценти, а со буџетски дефицит од 4 проценти дополнително тој ќе се зголеми. Сметам дека вака влгуваме во еден серозен ризик, за  сметка на планираниот буџет, ризик кој апсолутно ги нема во предвид сите случувања кој се на глобално ниво, а посебно што Македонија е сериозно врзана со еконимијата на Германија, која планира многу мал раст, за разлика од тоа штос сме ние. И ако најголем дел од извозот е со Германија и најголем дел од компаниите работат со Германија, јасно е дека ќе имаме сериозен проблем, вели Сапсовски.
Тој се осврана и на планираниот раст од 13,1 процент на приходите од данокот за личен доход во однос на лани, 2024, каде нема никаква релана основа за раст од 13,1 процент.
– Ако се предвидува ниска инфлација, тоа значи ќе има забавен раст на платите, а тоа може да види од буџетските ставки, затоа што само 8 проценти во ставката на плати е во цел јавен сектор. Ако власта не е расположена да ја зголемува минималната плата, сметам дека е неосновано ова што го предлагат во буџетот, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ