Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

СПАСОВСКИ : СО БУЏЕТОТ ВО ПЛАН Е ЗГОЛЕМЕНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА КАКО АЛАТКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА

„Во овој документ се содржани сите програми и под програми за функционирање на министерствата, агенциите, фондовите, единиците на локалните самоуправи , односно сите буџетски корисници или со еден збор со овој документ е предвидена економската иднина и развојот на  Македонија во 2025 година“,  истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Спасовски во своето излагање на денешната расправа за предлог-буџетот за 2025 година.

Спасовски се осврна во делот на даночната политика и истакна дека преку дигитализацијата ќе се намали сивата економија и ќе резултира со воспоставување на ефикасен даночен систем.

„Главниот фокус на даночната политика е да ги зголеми приходите преку модернизација и оптимизација на системот за наплата. Даночната политика ќе се базира на намалување на сивата економија која зафаќа од 30 до 39% од вкупната економијата. Целта е преку зголемена дигитализација да се намали сивата економија и да се воспостави ефикасен даночен систем, со цел секој редовно да ги плаќа своите даночни обврски кон државата“ , дециден беше Спасовски.

Спасовски додаде дека ваквиот систем ќе претставува партнер на државата за редовна наплата на даноците. Дополнително изјави дека Владата нема да биде партнер на сивата економија, пример за истото е зголемување на наплатата од царина, УЈП и ЈПДП.

„Никој повеќе нема да биде повластен и амнестиран, во оваа држава секој мора да си ги заврши обврските. Тоа се покажа во изминатите 4-5 месеци кога видовме како може да се зголеми наплатата од царина, УЈП и ЈПДП. Ова значи дека оваа Влада нема да стане ортак со сивата економија“ , заклучи Спасовски.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ