Спасовски: Сообраќајните контроли постигнаа резултати какви што сме немале 30 години

0
186

„Безбедноста на сообраќајот е важна за сите, имаме незгоди и со смртни последници. Ние како МВР имаме одговорност тоа да го поставиме како приоритет и тоа е една од нашите цели. Работевме многу на планот за да воведеме многу контроли и постигнуваме добри резултати, кои не се постигнале 30 години. Ако се споредат првите три месеци од минатата 2020 година и сега овие месеци од 2021 година, вкупниот број несреќи се намалени за 12 отсто.

Сообраќајните незгоди се намалени за 13 отсто, незгодите со повредени за 13 отсто, оние со материјална штета за 11 проценти. Ова го изнесувам за да се види тенденцијата на намалување и тоа е нашата цел. Правиме максимални напори да правиме контроли затоа што имаат ефект, но мора да има континуитет.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој ја нагласи важноста од софтвер за електронско пишување на казни за сообраќајни прекршоци.

„Затоа е важно ова софтверско решение, преку камери да дојдеме до сообраќајна контрола без човечки фактор. Правиме анализи за да најдеме најадекватно решение, дали надградба на постојниот систем, дали набавка на цел нов систем, едноставно решение кое може да донесе поголема безбедност во сообраќајот.“- дополни Спасовски.