СПАСОВСКИ СЕ ЗАКАНИ СО ОШТРА ИЗЈАВА : ДОКОЛКУ ИМА ПРОПУСТ ПРИ АКЦИЈАТА ВО ГРЧЕЦ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ГИ НАЈДЕ ВИНОВНИЦИТЕ

0
224

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција повтори дека акцијата во Арачиново и Грчец е истрага целосно водена од Обвинителството за организиран криминал и корупција и потенцира дека немало ваква акција после 30 години, во која се уапсени 22 лица за недозволена трговија и шверц со дрога и оружје.

Спасовски очекува дека Обвинителството ќе најде начин доколку има каков било пропуст да ги најде виновниците и тие да си сносат одговорност за тоа.

– Ако ги погледнеме резултатите јануари-март 2020 година и јануари – март 2021 година, тоа се два периоди во кои раководат двајца различни министри со МВР. Во јануари – март кога раководеше министер од ВМРО – ДПМНЕ вкупно детектирана и запленета дрога е 14,8 килограми. Сега во овој момент детектирани и запленети се 558 килограми дрога. Тоа јасно покажува каква е определбата во однос на недозволената тргоција со дрога и со оружје, изјави министерот Спасовски.

Во однос на трговијата со оружје, информира Спасовски, минатата година има запленето само едно парче оружје и нешто муниција, како што рече, додека оваа година за овие три месеци имаме 10 парчиња оружје и неколку стотици парчиња муниција, што се запленети.

– Ќе продолжиме не само овие криминални групи, туку и сите други криминални групи што се занимаваат со каква било недозволена трговија и шверц, со дрога, оружје да бидат изведени пред лицето на правдата, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за правда, Бојан Маричиќ