Спасовски : Се гордеам што единицата Тигар, која сега буквално по ништо не заостанува од истородните елитни полициски единици во Европа

0
452
Успешно го надминавме долгогодишниот акутен проблем на недостиг на соодветна техничко-оперативна опременост на единицата, тргнувајќи од базичните потреби – целосно подобрување на материјално-техничката опременост на секој еден припадник на единицата, а преку комплетна набавка на полициска опрема соодветна на намената и посебните, специјални задачи на единицата, реализирана во 2018 година.

Истовремено, напоредно со тоа елементарно опремување на полициските специјалци, тргнавме во инвестициски процес на квалитативно подигање на техничко-тактичките и оперативни капацитети на единицата при што примарно ни беше реализацијата на таквите активности строго да се одвива врз основа на реалните потреби, вклучително и врз основа на постигнувањето на зацртани европски полициски стандарди.

Таквите цели, како што гледаме денес, веќе ги достигнуваме, со право горди на потенцијалите, на постигнатиот професионален статус и перформанси на Специјалната антитерористичка единица – Тигар, која сега буквално по ништо не заостанува од истородните елитни полициски единици во Европа.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.