СПАСОВСКИ : ПОТПИШАН ПРОТОКОЛ ПОМЕЃУ ФРАНЦИЈА И РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СПОГОДБАТА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ЛИЦА КОИ ПРЕСТОЈУВААТ БЕЗ ДОЗВОЛА

0
219

Потпишан Протокол со Франција за спроведување нa Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола.

Денеска остварив работна средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер, и директорката за меѓународна соработка на МВР на Франција, Софи Ат, на којашто го потпишавме Протоколот за спроведување нa Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, за чие навремено усогласување во голема мерка се заслужни експертите на двете страни.

Со неговото стапување на сила ќе се олесни справувањето со илегалната миграција, борбата со прекуграничниот криминал, но и заканите од тероризам, што е од големо значење за земјите кои се најпогодени од мигрантските напливи, а секако ќе ја олесни и постапката при преземање на лицата кои престојуваат без дозвола.

Продолжуваме со натамошен развој на меѓусебните односи, особено во насока на уште поголемо унапредување на билатералната соработка, која и сега се одвива со голем интензитет.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.