Спасовски : Попис мора да се направи, затоа што ако не го направиме пописот не можеме да планираме никаков развој во иднина

0
344

Овој процес кој е тргнат во делот на организација на пописот треба да се одржи. Предлозите се добродојдени. Но прашaње е дали се реални. Дали е реално да се изврши попис со отпечаток од прст како што планира ВМРО-ДПМНЕ, дали е реално да се обезбедат финансиски средства за да можат да се набават ваквите апарати, дали е реално да очекуваме дека некој може да изврши испорака на тие апарати, и најважно сепак е прашањето зошто опозицијата на дебатата која се одвива со години, токму во овој момент се одлучува да поставува еден нов услов за евенутална поддршка.