СПАСОВСКИ : ОЧЕКУВАМ ВМРО-ДПМНЕ ДА ГИ ПОНИШТИ ДОГОВОРИТЕ СО СОСЕДИТЕ, ИЗБОРИТЕ ГИ ДОБИЈА НА ОВА ВЕТУВАЊЕ

0
212

ВМРО-ДПМНЕ де факто го прифати Преспанскиот договор, а сега малку глумат со тоа што усмено не го користат името, ама писмено низ пишаните документи го користат.

За мене е многу поважно, посуштински она што беше понудено пред изборите, а тоа е ревидирање на Преспанскиот и Охридскиот договор, договорот за добрососедство со Бугарија и ревидирање на преговарачката рамка. Врз основа на ова тие ги добија изборите. Оттука очекувам тоа и да го спроведат, изјави пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ во вечерашната емисија „24 анализа“ на ТВ24.

-Ако вие создадете документ во кој ќе се наведе што не се почитува од другата страна и ќе најдете решение како да се почитува, јас како пратеник тоа ќе го поддржам, тука немаме разидување. По изјавите на мандатарот очигледно е дека се прифаќа Преспанскиот договор, а за понатамошниот концепт ќе треба да почекаме мандатарот да го објави заедно со следните постапки, изјави Спасовски на ТВ24.