СПАСОВСКИ: ОСВЕН ШТО БЕА ПОВРЕДЕНИ 50 ПОЛИЦАЈЦИ, БЕШЕ НАНЕСЕНА И ГОЛЕМА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАТИМЕ СИТЕ НИЕ ГРАЃАНИТЕ

0
656

– Сета таа уништена урбана опрема, беа корнети знаци, клупи, канти, бекатон, плочки, беа кршени стакла, беше уништено зеленило, сето тоа ќе мораме сите заедно да го платиме и тоа е еден вид напад на државата. Секако најважно и најдрагоцено е животот и за среќа немаше жртви но беше посегнато по животите на полицајците и тоа најсилно го осудуван и апелирам до партиите да бидат одговорни, протестите се демократско право но сите треба да го осудуме насилството.

Спасовски пред новинарите при посетата на повредените полицајци.