СПАСОВСКИ : ОД ПОЧЕТОКОТ ГО ВОСПОСТАВИВМЕ КОНЦЕПТОТ – ПОЛИЦИЈАТА ВО СЛУЖБА НА ГРАЃАНИТЕ, А ТОА ЗНАЧЕШЕ КОРЕНИТИ И СИСТЕМСКИ РЕФОРМИ ВО ПОЛИЦИЈАТА КОИ БИ ГО ЗГОЛЕМИЛЕ КРЕДИБИЛИТЕТОТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ

0
519

На панел-дискусија на тема „Безбедноста и реформите во полицијата: Поблиску до граѓанките и граѓаните”, во организација на ЦИВИЛ, истакнав дека кога го воспоставивме концептот – Полицијата во служба на граѓаните – како раководство на МВР, тргнавме од премисата дека продлабочувањето на партнерството меѓу граѓаните и полициските службеници ќе произведува поефективни резултати за безбедноста и сигурноста, во одржување на јавниот ред и мир, во заштита на материјалните добра.

А тоа претпоставуваше најнапред да се извршат коренити и системски реформи во полицијата кои би го зголемиле нејзиниот кредибилитет кај граѓаните.