Спасовски од Гази Баба: Космос што го рушеа воскреснува, режимот што рушеше е минато, ние градиме

0
651

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на вечершното обраќање во Гази Баба направи споредба на политиките на насочување на парите кон граѓаните и градење на инфраструктурата во сите средини и региони, што е одлика на СДСМ за време на тригодишниот период кога ја има одговорноста да ја води Владата и на владеењето на режимот со крадење и рушење во мрачното минато.

„Покажуваме дека успеавме да го срушиме режимот и да ја ставиме државата на прав пат. И оттука ќа праќаме пораката – никогаш повеќе режим да ја руши и краде државата.
Покажавме дека знаеме да градиме пријателства мостови, институции, инфраструктура, партнерства.

Ако излеземе и погледнеме десно ќе го видиме како воксреснува Космос, што го рушеше режимот. Тоа беше личен хир на Груевски и Јанакиески. Додека тие рушеа, денес се гради“, рече Спасовски.