СПАСОВСКИ: НЕМА ПОТРЕБА БУГАРСКА ПОЛИЦИЈА ДА ДОАЃА ДА ПОМАГА ЗА 4-ТИ ФЕВРУАРИ, МВР ИМА ДОВОЛНО КАПАЦИТЕТ ДА СЕ СПРАВИ СО СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

0
432

Бугарската непрофитна организација Фондација „Македонија“ преку објава на својот официјален фејсбук-профил упати повик до сите Бугари во Скопје да присуствуваат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев што ќе се одржи в сабота во Скопје.-Апел до сите Бугари во Скопје, особено до младите: Дојдете во сабота на гробот на Гоце заедно да му оддадеме чест во 11:30 часот на паркингот на Калето. Досега над 40 Бугари од Скопје и Северна Македонија ни потврдија дека ќе дојдат.

Досега над 40 Бугари од Скопје и Северна Македонија потврдија дека ќе дојдат. На гробот на Гоце за безбедноста ќе се грижат бугарски и македонски полицајци, се вели во апелот.

Претходно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кажа дека нема потреба од помош од бугарските колеги, иако Главниот комесар на бугарското Министерство за внатрешни работи, Станимир Станев понуди да се обезбеди помош во полицајци ако има такво барање од македонското МВР.

-Нема потреба од тоа. Македонската полиција има капацитети кои што гарантираат стабилност и безбедност и е подготвена во целост не само за овој туку и за кој било настан и пригода да го сочува мирот и стабилноста на државата и граѓањите. Тоа е врвен пориоритет. Нема поединец, група или партија која може да биде посилна од државата и треба да ни биде јасно на сите.

Второ, има одбор кој се грижи за организацијата сите делегации кои сакаат да положат цвеќе се најавуваат, редот ќе се воведува врз онова на план од македонската полиција и нема да имаме никаков проблем, рече Спасовски повторувајќи го уште еднаш апелот за мирно и достоиинствено чествување на настанот, рече денеска Спасовски во гостување на МРТ.Инаку, од попладнево, од 18 часот, затворена за сообраќај е улицата „Самоилова“, каде се наоѓа црквата „Свети Спас“, а каде в сабота ќе се одбележува 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.