СПАСОВСКИ : НАЈДОБРАТА СТУДЕНТКА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЌЕ РАБОТИ ВО МВР

0
950

Ивана, најдобрата студентка на Факултетот за безбедност во Скопје, ќе работи во Министерството за внатрешни работи, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на свечената промоција на дипломирани и магистрирани студенти во академската 2022/2023 на овој факултет.

„Не е важно само да биде прогласена за најдобра студентка, важно е да се покаже волјата во овој момент најдобрите да ги придобиеме во институциите. Донесов одлука денеска дека на Ивана нема да и оставиме простор за одмарање, ќе биде дел од МВР, во Одделот за Европска Унија и меѓународна соработка. Честитки!“, рече Спасовски.