Saturday, July 19, 2025
32.8 C
Skopje

СПАСОВСКИ: НАМЕСТО ЕКСПЕРТ – ПАРТИСКИ ПУЛЕН, СДСМ НЕМА ДА ГО ПОДДРЖИ ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ ЗА ГУВЕРНЕР

Одговор на новинарско прашање, Оливер Спасовски координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Ние нема да го поддржиме предлогот за Гувернер, затоа што изборот е исклучиво теснопартиски. Ова не е избор којшто ќе понуди експерт на позицијата Гувернер на Народна банка што било би рекол традиција во изминатите години.  

Од претседател на Совет на град Скопје доаѓа како предлог за гувернер на Народната банка.  Тоа е првата работа. Втората причина, тоа е човек којшто се спротивставува на растот на минималната плата, на економски политики коишто се за доброто на граѓаните.

Тој беше најголемиот противник, ако се сеќавате тој велеше дека дури 9.000 денари била голема минимална плата итн. Не може ништо добро да донесе ниту за системот ниту за државата. Трето, човекот којшто овие изминати скоро четири години како претседател на Советот на Град Скопје не направи ништо освен кочење на сите работи коишто требаше Советот да ги прави и практично водеа некакви полички битки помеѓу градоначалничката којашто тие ја избраа и ВМРО-ДПМНЕ. 

Немаме навистина никаква причина да се даде поддршка Трајко Славевски да биде Гувернер на Народна Банка.

ОВАА НЕДЕЛА

ШУКОВА: ИМАМ РЕШЕНИЈА ЗА ЧИСТО, УРЕДЕНЕНО И БЕЗБЕДНО СКОПЈЕ КОЕ ДИШЕ

Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за...

РИСТЕСКИ: КОМПЛЕТНО РЕАЛИЗИРАНА ВЕТЕНАТА ПРОГРАМА ВО МОГИЛА

Прес-конференција на Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.  Денес сме во...

МИЦЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА КРАТОВЧАНИ

Прес-конференција на Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на...

КУЗЕСКА: НЕМА 2.500 ДЕНАРИ ПОКАЧУВАЊЕ, ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ГРУБО ИЗМАМЕНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ