Спасовски: Мицкоски му беше секретар на криминалецот Груевски, сега нека молчи

0
436
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да даде оставка од функцијата министер,  му порача дека тој како лидер на опозицијата треба да размисли за неговиот кредибилитет и да молчи.

– Јас од него очекував многу други одговори, кои треба да ги даде како лидер на опозицијата, во однос на важни прашања  за македонската држава, а тоа од него не слушнавме. Воедно не слушнавме и  да одговори за хидроцентралите, како и на кој основ ги има стекнато, ама веројатно ќе се даде одговор и на тоа прашање. Ако смета дека тоа во политиката му е потребно да повикува на давање на оставки малку треба да размисли за неговиот кредибилитет. Тој беше генерален секретар на криминалецот потврден Груевски во време кога ја водеа Македонија во бездна. Најмалку што може е да молчи – рече Спасовски при денешната посета на СВР Велес.

Доколку Мицкоски, како што рече Спасовски, смета дека треба да има дебата и по други прашања тогаш, како што додаде, очекува да има аргументи.

– Вакви празни кликања пред граѓаните и мислења дека на тој начин ќе добие нешто плус не носат ништо добро, ниту за него, ниту за неговата партија, ниту за демократијата – потенцира Спасовски.

На новинарско прашање за естрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски, министерот Спасовски потенцира дека естрадицијата е во рамки на Министерството за правда и оттаму треба да се побара одговор на ова прашање.