„Од аспект на нашата соработка на мултилатерално ниво, задоволство ми е да констатирам дека е евидентна нашата посветеност на регионалната соработка што – впрочем – се огледува преку заедничкото дејствување и активност во сите регионални иницијативи и процеси. Во овој аспект, би ја споменал и Специјалната мерка односно Заедничката операција функционална речиси од самиот почеток на миграциската криза која заврши со распоредувањето на припадници на постојаниот корпус на Европската гранична и крајбрежна стража во рамки на која српски полициски службеници заеднички работеа со македонските полициски службеници, оставајќи личен печат на управувањето со миграциите и борбата против илегалната миграција”, рече министерот Спасовски, информирајќи го колегата Гашиќ за состојбите со управување со миграцијата и криумчарење мигранти.
Министрите Гашиќ и Спасовски посочија дека ниту една земја сама не може да го реши проблемот со нерегуларната миграција и затоа е неопходно земјите да реагираат униформно за да се најде најдобриот одговор на овој предизвик.На средбата беше констатирано дека мигрантите влегуваат и во Србија и во Северна Македонија од земјите на Европската унија, поради што е неопходно да се најде адекватно решение за нивно враќање во земјите на потекло.
Министерот Спасовски посочи дека заедничките патроли со членовите на Фронтекс даваат резултати и посочи дека во текот на оваа година во Северна Македонија е забележано намалување на нерегуларната миграција за дури 50 проценти.Заедничките патроли на граничните полиции на двете земји даваат добри резултати, оценија Гашиќ и Спасовски и договорија натамошни чекори кон унапредување на соработката во оваа област.На крајот од средбата, Спасовски уште еднаш изрази благодарност за укажаната чест за оваа заедничка средба, како и за непрекинатата посветеност на развој на меѓусебните односи и за меѓусебната почит.