Friday, April 25, 2025
24.8 C
Skopje

СПАСОВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА КОЧАНИ МОРА ДА ДАДЕ ОДГОВОРИ И ЗА ПРОПУСТИТЕ НА МВР

Најважно од сè е сега истрагата да ги даде одговорите на прашањата за трагедијата во Кочани и за утврдување на одговорноста. Главната одговорност треба да ја даде истрагата, која нема да биде селективна и која ќе ги утврди фактите и каузалната поврзаност на несреќата.
Но, од она што го гледаме до сега, одговорност не се бара кај ниту еден актуелен носител на позиција и функција, освен кај актуелниот градоначалник на Кочани, што отвара сомнежи за истрагата, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.
Тој потенцираше дека во однос на безбедноста, пропустите се во МВР, кои како институција знаеле дека дискотеката функционира, особено ако го имале планот за контрола на малолетници и тргување со опојни материи во таа дискотека кобната вечер.
-Тоа подразбира дека како институција знаеле дека дискотеката функционира. Второ, многу важно прашање е зошто ако контролата за малолетници не започнала пред полноќ , туку 10 минути пред да се случи трагедијата. Се отвараат и прашања зошто ниту еден кој бил задолжен  да ги прави процените за безбедноста и планот за процена на ризик, не го направил.
Зошто ако имало внатре полициски службеници не ја прекинале забавата?  Има низа прашања во овој момент кои се поставуваат и за кој граѓаните бараат одговор,  рече Спасовски.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ