Wednesday, March 26, 2025
11.8 C
Skopje

СПАСОВСКИ: ИНСТИТУЦИИТЕ ТРЕБА ДА ГО ЗАЈАКНАТ СИСТЕМОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ И УЧИЛИШТАТА

Добро е што се одржа јавна расправа каде експерите дадоа свое мислење како да се зголеми безбедноста во сообраќајот, после трагичниот случај со убиството на Фросна Кулакова која загина на Партизанска одговорот е институциите да го зајакнат системот, превеницијата, контролата, неселктивноста, да профукционира „Сејф сити“ но и да се влијае на јавната свеста, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во интервјуто за ТВ Стар.
Безбедноста во сообраќајот и општата безбедност е обврска на сите нас, и колку повеќе е подигната свеста во однос на сообраќајот толку ќе ни биде подобро.  Овие теми не смее да се политизираат. СДСМ има јасен став и ние сме конструктивни и ќе прифатиме се што е добар предлог за да се зајакне системот на безбедност во државата, рече Спасовски.
Тој го критикуваше лицемерието и двојните аршини на ВМРО-ДПМНЕ во случајот со пратеникот Сергеј Попов кој исто така возел без дозвола и направил сообраќајка.
-Кога од една страна слушате дека не се презеле тогаш мерки, од страна на судот, а од друга страна сте селективни кога се докажа дека, претседателот на Унијата на млади сили на ДПМНЕ, Сергеј Попов исто така возел без дозвола и под дејство на алкохол, значи не може да има двојни аршини, рече Спасовски.
И во контекст на хибридните закани Спасовски ги потенцираше различните изјави на ВМРО-ДПМНЕ како власт и како опозиција.
-Јас и моите колеги од СДСМ имавме и тогаш и сега иста реакција. Ова е феномен на кој треба сериозно да пристапат институциите, а граѓаните да почувствуваат дека имаат сигурност од државата. За разлика од нас, тогаш ДПМНЕ одбра да ја напаѓа владата без да изнесува аргументи. Еве на пример, тогаш изјавите на ДПМНЕ беа: Владата не може да обезбеди мир во училиштата. Или Јаневска велеше: Ги повикуваме МВР да си ја работи работата и да ги обезбедува училиштата 24 часа. Денес, кога Јаневска е министерка вели: За дојавите за бомби, училиштата да постават физичко обезбедување. Што значи тоа да постават физичко обезбедување? Тоа треба некој да го плати. Сега ајде ќе ги товараме родителите ли тоа да го платат? Јаневска не треба да ги повикува училиштата за туку нека обезбеди средства во буџетот за да ги покрие тие трошоци. Тоа се случило сега и може да се случи уште 100 пати, рече Спасовски.
ДПМНЕ се 8 месеци на власт и им се случија сите работи кои се случуваа изминатите години додека они обвинуваа напразно, а сега не можат да дадат ниту соодветен одговор ниту решение, потенцираше пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

ОВАА НЕДЕЛА

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите...

ЗНМ: НЕПРИФАТЛИВА Е ХАЈКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРОТИВ НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на...

МАРКОВСКИ: ОДЗЕМАЊЕТО НА ТОЛКУ МНОГУ ЛИЦЕНЦИ Е ПОРАЗИТЕЛЕН ФАКТ

Вкупно 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и...

НИКОЛОСКИ: ЗАПОЧНУВАМЕ БОРБА ПРОТИВ АДМИНИСТРАТИВНАТА МАФИЈА

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја...

ЃОРЃИЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА ЦЕЛОСЕН СИСТЕМСКИ РЕСЕТ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода,...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПРЕА МЕЧОТ СО ВЕЛС ВО 59ТА МИНУТА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви...

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЕЈУП РУСТЕМИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ