СПАСОВСКИ : ИМА ПРОСТОР И ПОНАТАМУ ДА СЕ РАЗГОВАРА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

0
392

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во „Вести Плус” на „Канал 5 телевизија” го коментираше процесот на уставните измени во Собранието на Република Северна Македонија.

-Европската перспектива на државата е единствена опција која ја имаме и немаме алтернатива. Оние кои се спротивставуваат на европската интеграција на државата, говорам за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, немаат аргументација зошто тоа го прават. Таа е единствена опција која ја имаме и мора да ја поддржиме. Мора да се направат сите напори, да се искористат сите политички механизми, тоа мора да го правиме преку дијалог, заради тоа што декларативно не може да кажете ние сме за членство во ЕУ и притоа да не правите ништо што ќе придонесе кон тоа членство, секогаш кога ќе се пружи шанса на државата да исчекори напред вие ќе ја враќате назад, рече Спасовски.

На прашањето дали постои простор за разговор, Спасовски истакна:
-Сметам дека има простор да се разговара понатаму, да се продолжат разговорите, сосема е чиста позицијата во овој дел, сосема се јасни ставовите кои ги има државата, не Владата, зборуваме за ставови утврдени со декларација во Собранието на Република Северна Македонија. Државата не смееме да ја доведеме во услови на изолација, токму сега кога е вистинскиот момент, и кога можеме заради геостратешките политики во овој момент, да ја искористиме оваа шанса да имаме забрзување во евроинтеграциските процеси, не само во нашата држава туку и на целиот регион, рече Спасовски.