Friday, June 20, 2025
33.8 C
Skopje

СПАСОВСКИ: ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски во гостување во вестите на телевизија „Алсат-М“, истакна дека за трагедија во Кочани, која е трагедија од најголеми размери која се случила во државата мора да има одговорност од сите инволвирани и од вистинските виновници.
-За жал истрагата за Кочани ја одликува селективност, нетранспарентност и не преземање на одговорност од ниту еден актуелен носител на одредена функција, којашто бил одговорен и надлежен за спроведување на безбедноста и на одредени активности. Никој не е опфатен во истрагата и не се преземени сите чекори кои треба да доведат до одговорност на вистинските виновници, истакна Спасовски.
Треба да се види каде ВМРО-ДПМНЕ ги направија пропустите и ние се случи Кочани во време кога тие се скоро една година се на власт, додаде тој.
Спасовски укажа дека и после трагедијата во Кочани власта нема намера да го менува системот.
-После случувањата во Кочани сите бевме едногласни и во Собранието и во политичкиот живот дека треба да се гради нов систем, ресет на целиот систем во државата. Да создадеме систем кој го посакуваат граѓаните. Никој не може да ги обвини граѓаните дека се залагаат за воспоставување на таков систем, затоа што тоа е потребно. Граѓаните бараат систем што функционира, европски систем. А по трагедијата во Кочани во Собранието власта прави промена на законски решенија во кои што се намалуваат критериумите за избор на носители на одредени функции. Тоа не е менување на системот, истакна Спасовски.
Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту ВЛЕН, ниту ЗНАМ не можат да ги прикријат своите неуспеси и своето незнаење, неспособност, се враќаме назад, гледаме уназадување на секое поле, рече пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски во гостување во вестите на телевизија „Алсат-М“.

ОВАА НЕДЕЛА

МИТЕВА: НОВИ СОВРЕМЕНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ

„Почитувани граѓани, Почитувани медиуми, Благодарам за присуството. Денес сакам да информирам за...

МЗШВ ОБЈАВИ ЈВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНССКА ПОДДРШКА ВО РИБАРСТВОТО И АКВАКУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОЧЕКУВА НАЈУБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ВМРО-ДПМНЕ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува најубедлива...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ