Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

СПАСОВСКИ ЗА САМИТОТ НА ОБСЕ : ЌЕ ИМА БЛОКАДА НА УЛИЦИ, ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ ТРПЕЛИВИ

Министерството за внатрешни работи е клучно за безбедноста на Министерскиот самит на ОБСЕ, заедно со група на многу владини институции се подготвуваме цела година за овој Самит да помине во најдобар можен ред, изјави денеска во Битола министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Тој информира дека е најавено присуство на повеќе од 70 делегации коишто се предводени од нивните шефови, пред се министри за надворешни работи.

-Ќе имаме околу илјада учесници на Самитот. Тоа е една опсежна акција која треба да ја спроведеме од безбедносен аспект и целосно сме подготвени сите служби и СВР Скопје, Одделот за заштита на определени личности, објекти, Единицата за службени кучиња, воздухопловната единица. Значи сите учествуваме во рамки на својот дел, секако и другите институции. Јас очекувам дека се ќе помине во најдобар можен ред –  истакна Спасовски.Ова, како што посочи министерот, е исклучително важен Самит за Република Северна Македонија.

-И од тој аспект сметам дека на сите нас треба да ни биде чест да учествуваме во организација на овој самит. Затоа апелирам до граѓаните, да имаат трпение за овие денови на одржување на Самитот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, затоа што нема да имаме целосна блокада на градот на движењето итн. Меѓутоа ќе имаме блокада на одредени улици, делници по кои што ќе се движат делегациите се со цел да имаме мир и безбедност, и граѓаните и Самитот да протече во најдобар можен ред – порача тој.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ