СПАСОВСКИ ЗА ПАЛЧО : НА ТРАГАТА СМЕ И НА ОСОМНИЧЕНОТО ЛИЦЕ КОЕ ИЗБЕГАЛО ОД ДРЖАВАТА

0
458

-Едно лице се наоѓа надвор од државата. Заминат е од државата со возило заедно со неговиот адвокат, заминато во Белград од каде потоа заминува во Бугарија и понатаму ги утврдуваме сите аспекти – изјави Министерот Спасовски.

Скопјанецот Љупчо Палевски – Палчо го поврзуваат со киднапирањето и убиството на младата скопјанка, Вања Ѓорчевска, пренесува Фокус.

Според информациите, тој е надвор од Македонија. Дел од информациите велат дека пред неколку дена се упатил кон Турција.

Засега неофицијалните информации се дека Палевски имал контакти со останатите осомничени во групата, а токму тие го посочиле него кога биле приведени.

Палевски, кој е претседател на движењето „Трета“ е јавно експонирана личност во земјава, пред се во главниот град.