Продолжуваме со интензивна поддршка во постојано унапредување на квалитетот на животот на Македонците во Мала Преспа.
Во рамки на посетата на Општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, ја посетивме градинката во склоп на заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“, каде беше предадена донацијата од играчки, реквизити и подароци за најмалите жители на општина Пустец.
Оваа донација наменета за најмладите беше обезбедена преку генералниот директор на општествено-одговорната компанија „Витаминка“, Сашо Наумовски од Прилеп.
Минатата година обновата на училиштето, која опфаќаше реновирање на училниците и инфраструктурно уредување на училишниот двор и дворот на градинката, беше завршена благодарение на личниот ангажман на премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на Република Албанија, Еди Рама.
Со денешната донација, пак, целосно е заокружен овој проект кој е од големо значење за општина Пустец.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.