СПАСОВСКИ ДЕТОНИРАШЕ НУКЛЕАРНА БОМБА: ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ВО АФЕРАТА ПАСОШИ СЕКОЈ ДЕН СЕ СЛУШАЛ СО МИЦКОВСКИ!

0
2644

„Сите овие лица со фалсификувани пасоши ги користеле за да можат полесно да извршуваат кривични дела, сега истрагата може да оди и понатаму, до овие 200 корисници на лажни пасоши, но за тоа ќе зборуваме понатаму. Побарав јавно од Јавното обвинителство да ги провери сите овие наводи на ВМРО ДПМНЕ. Ако излезете јавно, со документи, и наместо кај надлежните органи да ги предадете вие ги изнесувате пред граѓаните, тогаш треба да се провери. Ќе кажа само дека еден од приведените е во тесна врска со Мицкоски и имал постојани контакти со него.“- откри министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервјуто на „Утрински брифинг“, зборувајќи за саботажата на акцијата „Двојник“ од страна на ВМРО ДПМНЕ.

„Јас ова го изнесувам според сознанијата и индициите, тие се во контакт и дел од документите во нивната партија се преку приведените лица. Акцијата беше планирана да се реализира за неколку дена, после спремање на сите активности. Ја забрзавме заради деконспирацијата. Знаете, лидер на партија сега се појавува демек стимулира борба против криминал и корупција, а постојано гледаме дека се става во одбрана на крупните криминалци.“- дополни Спасовски во интервју за ,,Утрински брифинг”.