Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

СПАСОВСКИ: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРИВА ПАЛАНКА ЛАЖЕШЕ ДЕКА ИМА ЦИЈАНИД 100-ТИЦИ ПАТИ НАД ДОЗВОЛЕНОТО, ЗА ДА ШИРИ ПАНИКА И МАНИПУЛИРА ПРЕД ИЗБОРИ

Прес-конференција на Емил Спасовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани, 

Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека во водата во Крива Паланка има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири паника и манипулира пред избори.

 Сашко Митовски свесно ги лажеше граѓаните и на Крива Паланка и на целата држава дека загадувањето на водата во Крива Паланка со цијанид е 100-тици пати над дозволеното.

Анализите кои ги објави Државниот инспекторат за животна средина го покажуваат спротивното и го демаскираат трулиот обид на Митовски да манипулира.

Мизерно е како Митовски не се колебаше да манипулира со најчувстителната тема за граѓаните – безбедноста на водите и почвата, само за да шири паника и ќари некој ситен политички поен пред избори.

Го повикуваме Јавното обвинителство да ја согледа реалната состојба и да поднесе кривична пријава против Сашко Митовски, за ширење паника.

Дејствијата на Митовски се дотолку поголеми што тој е носител на јавна функција, која во дел од јавноста може да создаде краткотраен привид дека тој ја говори вистината, и со тоа да предизвика огромен страв.

ЈО треба да ги земе во предвид овие околности, но и стварниот ефект предизвикан од паниката која ја рашири Сашко Митовски и да поднесе кривична пријава против не.

ОВАА НЕДЕЛА

ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОГО НА СОБРАНИЕТО

Објавен е  Јавен конкурс за изработка на заштитен знак...

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ: 2252 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ ВО ПРАЗНИЧНИОТ ВИКЕНД, 1018 ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ

Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните...

МАНАСИЕВСКИ: ВЛАДАТА НА СДС ТВРДЕШЕ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВИ БЛОКАДИ КОН ЕУ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА, СЕГА СЕ ДЕМАНТИРАНИ И ОД ЕУ

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Димитар...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ