СПАСОВСКИ : ГО СЛЕДЕВМЕ ДВИЖЕЊЕТО НА ПАЛЕВСКИ СЕКОЈ МЕТАР ОТКАКО ИЗЛЕГОЛ ОД ДРЖАВАТА, СО ПОМОШ НА ОПЕРАТИВЕЦ НА ТУРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА ГО НАЈДОВМЕ ХОТЕЛОТ И СОБАТА ВО КОЈА ПРЕСТОЈУВА, ОДЕЛ ПЕШКИ ПО АВТОПАТ ОД ГРАДОТ БАЛИ КЕСИР

0
868

Македонските служби стапиле во контакт со оперативен извор во Турција со потврда дека Палевски е во Баликесир и дека од тука сака да замине во Истанбул.

Најмен бил такси-возач за да отиде во Истанбул, но повторно се вратил во градот, симулирал одење во Истанбул.

Денеска попладнево е уапсен од турската полиција додека одел пеш низ градот, рече Спасовски и покажа фотографии од уапсениот Палевски испратени од Турција.