Sunday, February 16, 2025
2.8 C
Skopje

СПАСОВСКИ : ГАШИ ГО КРШИ ДЕЛОВНИКОТ – НЕ СЕ ДОСТАВУВААТ ЗАКОНИТЕ НАВРЕМЕ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ

Претседателот на Собрание Африм Гаши, наместо да ги почитува деловничките одредби, Гаши го крши Деловникот, упоро не се доставуваат законите навреме до пратениците, реагираше пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница.

– Ние вчера, како пратеници, ги добивме законските решенија во 17 часот. Денес претседателот на Собранието Гаши, ги става повторно на дневен ред. И сега, кога зборуваме за двојни стандарди и начин на функционирање на Деловникот, овде единствено одговорен е Африм Гаши и никој друг во ова собрание. Не може за некој законски текстови да кажува дека тој има право на интерпретација на деловникот, да ги интерпретира, како и кога сака.

А, кога го прашувавме за законските текстови коишто беа доставени до собрание, Гаши, чекаше скоро 15 дена без да ги достави, иако според деловникот тој е должен во рок од 3 дена да ги достави до пратениците, Гаши бараше милион изговори тоа да не го направи. Денес продолжува на ваков груб начин да го крши деловникот и не дава никакво одобрение, освен што вели ‘ имам апел до пратениците‘, рече Спасовски.

Спасовски повика Гаши да застане со апелите и да почне конечно собранието да работи, така што ќе бидат усогласени законските текстови и навреме доставни, а не да се крши правато на дебатата со тоа што законските текстови набрзина ќе се ставаат на дневен ред на собраниската седница.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕШИКТАШ НА СОЛСКЈАЕР ЗА ПРВПАТ ВО ТУРСКАТА СУПЕР ЛИГА ГО ПОРАЗУВА ТРАБЗОНСПОР

Турскиот клуб, Бешикташ каде ново назначен менаџер е поранешниот...

РУТЕ: ЗА 3 МЕСЕЦИ РУСИЈА ПРОИЗВЕДУВА МУНИЦИЈА, КОЛКУ НАТО ЗА ЕДНА ГОДИНА

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека...

СЕ СНИМААТ КАКО ДИВЕАТ СО КОЛИ А ПОТОА ПРАВАТ СООБРАЌАЈКА КАЈ ГРАДСКА БОЛНИЦА

Порталот ТВ21 објави видео од кое се гледа сообраќајка...

ДУИ: НАЈОСТРО ГО ОСУДУВАМЕ АПСЕЊЕТО НА КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН НА БЛАЦЕ, БАРАН ПО ПОТЕРНИЦА ОД СРБИЈА

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост и најостро...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ