Спасовски во Чашка: Издржете, доаѓа домаќинска Влада во декември

0
1335

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска денот го помина со жителите на општина Чашка. Ги посети селото Лисиче и селата Горно Јаболчиште и Долно Јаболчиште. Посебно внимание посвети на разговор со младите кои во мал број се останати тука. Крајот е пуст, иселеноста се зголемува.

Нема работа се првите зборови на младите луѓе кои прашуваат како да ја планираат иднината во своето родно место. Нивните родители и повозрасните се жалат дека во целата сиромаштија власта ги оставила и без нивните имоти. Велат дека неправедно им се одземени големи површини имот, коишто се пишани во Катастарот како имот на Р.Македонија. Движењето низ селата се одвива тешко бидејки патиштата се лоши.

Spasovski-Caska2-670x420

Оваа власт на Груевски не се грижи за граѓаните. Се грижат за нивните интереси, за тендерите преку што се богатат. Слушнавте и гувернерот Богов мораше да признае дека јавниот долг на државата е на историско ниво, со ова последно задолжување од 450 милиони евра што го направија.

Не работат домашните претпријатија, затоа се е замрено. Издржете, заедно да ја смениме оваа власт во декември, младите ќе си ги вратиме во земјава. Граѓаните, убедени сме, на регуларни избори ќе и дадат доверба на СДСМ да ја води држава. СДСМ ќе предводи домаќинска влада, `се што ви е незаконски одземено, ќе ви биде вратено, сите пари што ги украдоа, ќе ги вратат.

timthumb-189

Овде може и ќе се живее достоинствено, говореше Спасовски со луѓето. Тој беше и гостин во домовите на некои семејства, а во пресрет на Илинден, во чест на празникот го посети и манастирот Свети Илија.