СПАСОВСКИ : БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРИВА ПАЛАНКА КОЈ НАПАДНА ПОЛИЦАЕЦ

0
448

Почитувани, Целата јавност имаше прилика да чуе и да дознае за скандалозното и насилно однесување на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Сашко Митовски, пијан физички нападнал полициски службеник пред неговиот ресторан. Ова го кажуваат очевидците и самиот човек кој е нападнат, полициски службеник кој не бил на должност. Ова го потврди и МВР дека имало ваков случај. Сашко Митовски се однесува како класичен локален шериф, кој напаѓа и тероризира граѓани, физички им нанесува повреди и сето тоа пијан. Ова е срам за градот, ова е срам за граѓаните, ова е срам за сите кои се сведоци на неговото дивеење. Ова не е прв случај градоначалникот да нападне граѓани. И претходно имаше нападнато човек во својата канцеларија и за тоа знаеше целата јавност.

Со право граѓаните се чувствуваат небезбедно. Со право граѓаните се плашат да не бидат нападнати од градоначалник кој е склон на алкохол. Граѓаните се исплашени бидејќи Ковачевски не бара и нема намера да побара оставка од Сашко Митовски, велејќи дека граѓаните го избрале  Почитувани,  Граѓаните не го избрале за да ги тепа и напаѓа. Дали МВР веќе поднесе кривична пријава за Сашко Митовски? Дали е точно дека Митовски бил во толку лоша алкохолизирана состојба што не бил при себе? Дали Сашко Митовски имал намера да изврши посериозно кривично дело врз полицискиот службеник кој не бил на должност во моментов? Дали МВР ќе се обиде да го прикрие и овој настан?  Веднаш оставка, а потоа одговорност.