СО ШИКАНИРАЊЕ НА ПРОФЕСОРИ ОД ИРЛ ГО ДОПРЕА ДНОТО

0
929

Некоја си квази истражувачка новинарка или спинерка по име Ивана Настеска од ,,ИРЛ” што по се изгледа не трпи различно мислење од нејзиното преку фејсбук статус се обидува да дискредитира професори како што е професорката Ана Чупеска.

Од ,,ИРЛ” наместо да се бават со темата околу измените во врска со казните за Злоупотреба на службената положба и овластувањата и за кривичното дело злосторничко здружување а потоа за да биде цело во коментари со дисквалификации за професорката се вклучува и главната мадафака уредничка, Сашка Цветковска за потоа да следат ботови со шиканирање на професорката Чупеска. Па нели земаат грант таму во ,,ИРЛ” за истражувачки стории!? Се молат од ,,ИРЛ” да не се понашаат како ,,Буревесник” и неговите фанбојс.

Нели се бог и батина во медиумите!? Нели се БИГ БАД БОЈС од ,,ИРЛ”!? Вака ли ќе си го правдаат грантот со лупање зелени што ќе им текне против професори кои имаат различно мислење од нив!? Нели како медиуми треба да ја гледаат и големата слика од овие измени!? Нели треба да повикаат на дебата, нели треба да отвораат општествени теми и да покренат јавна дебата, нели е тоа работа на медиумите и покрај истражувачките стории!?

Ова е срамота за медиумски работници од нивниот калибар да тропаат вакви работи по социјални мрежи, срамота е луѓе што ги читаат да се борат против луѓе со различен став! На што треба да се сведе ,,ИРЛ”, на лечење на суети, комплекси и лични фрустрации!? На желба за доминантност во медиумскиот простор со вакви бот постови!?

Имено, каде тоа пишува дека професорката Чупеска ги поддржала измените околу казните за Злоупотреба на службената положба и овластувањата и за кривичното дело злосторничко здружување!? И да ги поддржала нели е тоа демократија!?

Срамно, бедно и јадно за ‘истражувачки’ новинари кои доаѓаат од ,,ИРЛ” кои треба да бидат репер за сегашните и идни генерации за медиумите, па и за оние постарите!