Со СДСМ платите растат побрзо, за 2,5 години минималната плата порасна за 5.500, а просечната за над 2.800 денари

0
594

Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите

Трендот на раст на платите продолжува. Според податоците од Државниот завод за статистика, просечната плата во октомври годинава изнесува 25.726 денари.

Тоа е зголемување од 3,7 отсто или за над 900 денари повеќе од истиот месец лани кога таа изнесувала 24.817 денари

Со СДСМ платите растат побрзо. Само за последниве 2 години и 5 месеци просечната нето плата е зголемена за 2.837 денари.

За споредба ВМРО-ДПМНЕ за 2 години и 5 месеци, од декември 2014-та до мај 2017-та година успеа да ја зголеми просечната плата за само 482 денари.

Во времето на криминалниот режим парите одеа единствено кон џебовите на фамилијата, се расфрлаа за споменици, лажен барок и жални врби.

Затоа просечната плата, речиси и не растеше.Затоа минималната плата со години беше замрзната на 9.000 денари.

Сега со одговорниот пристап на СДСМ парите завршуваат назад кај граѓаните. Веќе од овој месец, минималната плата ја покачуваме на 14.500 денари, што е зголемување за 5.500 денари или над 60 отсто, споредено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се огромни, значајни покачувања на минималната и просечната плата.

Но не застануваме тука, продолжуваме да ги покачуваме платите во сите сектори.

92.000 граѓани добиваат поголеми плати преку мерката за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за оние компании кои ќе ги покачат платите на своите вработени до 6.000 денари.

Веќе од јануари и февруари, ги покачуваме платите во здравството и образованеито.

Тоа ќе поттикне дополнителен раст на просечната плата.

Пред граѓаните се обврзавме дека до крајот на мандатот, до крајот на 2020 година просечната плата ќе изнесува 500 евра. Денес на една година до тој рок и по само 2,5 години мандат просечната плата надмина 410 евра и е со тренд на постојан пораст.

Тоа дава за право да веруваме дека износот од 500 евра до крајот на 2020 е реално достижен.

Затоа, како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во човечкиот капитал, продолжуваме да работиме на мерки што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард.

На прав пат сме и по тој пат продолжуваме и по 12 април, по победата на парламентарните избори.