СО ПОМОШ НА АЛПИНИСТИЧКА ОПРЕМА СЕ ЧИСЕА ИЛЈАДНИЦИТЕ ТОНИ ОТПАД КОИ СО ДЕЦЕНИИ ЈА ГРДАТ ШАРА

0
53

Пластика,разни амбалажи, делови од опрема за домаќинство и автомобили беа само дел од стотиците тони отпад кои денеска се остранија од дивите депонии на Шара. Се чистеше долж патот кој ги поврзува шарпланинските села Вешала и Бозовце.

Фото: Слободен печат 

Во координирана акција користејќи и алпинистичка опрема, армијата, Единицата за брзо распоредувања, Националниот парк Шар планина, Центарот за управување со кризи ги засукаа ракавите за почиста Шара во рамки на акцијата „Генералка викенд“.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Еколошката акција на Шара ќе продолжи и во наредните два дена, а покрај некогашните депонии ќе бидат поставени големи контејнери за одлагање на сметот.

„ОТКАКО ЌЕ ГИ ИСЧИСТИМЕ ДЕПОНИИТЕ ЌЕ СЕ СТАВАТ ГОЛЕМИ КОНТЕЈНЕРИ ВО БОЗОВЦЕ И ВЕШАЛА ЧИИ МЕШТАНИ ДОСЕГА НЕМАЛЕ КАДЕ ДА ГО ОДЛАГААТ СМЕТОТ, ПА НАЈЧЕСТО ТОЈ ЗАВРШУВАЛ ВО ДОЛОВИТЕ И РЕКИТЕ.ТАКА ШТО ОВА Е ПИЛОТ-ПРОЕКТ ЗА НА КРАЈ ДА ГО СОБЕРЕМЕ СИОТ ОТПАД НА ШАРА.СЕТО ОВА НЕМА БРЗО ДА ГО РЕШИМЕ, ОВА Е ПОЧЕТОКОТ И СЕКАКО ПОРАКА ПРАЌАМЕ ДЕКА ВО СИТЕ СЕЛА ТРЕБА ДА ИМА КОНТЕЈНЕР КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ФРЛА ОТПАДОТ. ЗА ОВИЕ СЕЛА НЕМА ДА СЕ ПЛАЌА КОМУНАЛНИТЕ СМЕТКИ, СЕ СО ЦЕЛ ДА ИМАМЕ ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА. НИЕ И ПРЕТХОДНО СМЕ ОРГАНИЗИРАЛЕ ВАКВИ АКЦИИ, НО ПРЕТХОДНО ФОКУСОТ НИ БЕШЕ ДА ГИ ИСЧИСТИМЕ МЕСТАТА КАДЕ СЕ ДВИЖАТ ПЛАНИНАРИТЕ, А СЕГА СЕ ФОКУСИРАМЕ ОКОЛУ СЕЛАТА ДА ГО СОБИРАМЕ ОТПАДОТ. ОВА ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ДА СОБЕРЕМЕ ОТПАД КОЛКУ ШТО МОЖЕМЕ, РАЧНО ГО ЧИСТИМЕ, А ПОТОА СО МЕХАНИЗАЦИЈА. ЛАНИ СОБРАВМЕ НАД 1000 ВРЕЌИ СО ОТПАД ОД ШАРА ,А ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМАМЕ ПОВЕЌЕ СОБРАНО, А НА 18 МЕСЕЦОВ ЌЕ ЧИСТИМЕ ДОЛЖ ПАТОТ ТЕТОВО-ПОПОВА ШАПКА“, РЕЧЕ ИБРАХИМ ДЕХАРИ ДИРЕКТОР НА НП ШАР ПЛАНИНА.

Еколошката акција е во рамки на „Генералка викенд“ која ќе продолжи се чистење на сметот викендов што следи во 81 општина низ земјава. Целта е чистење на депониите, но и поголема еколошка свест кај секој од нас, велат организаторите. Се работи за голема Еко-акција во која ќе бидат вклучени над 20 000 волентери и истата ќе трае со до 2031 година.

„СЕ РАБОТИ ЗА НАЈГОЛЕМАТА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН И ВО НЕА СЕ ВКЛУЧЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 20 000 ВОЛОНТЕРИ, МНОГУ ЗДРУЖЕНИЈА, ОРГАНИЗАЦИИ, КАКО И 81 ОПШТИНА. СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ГИ ЧИСТИМЕ И ДРУГИТЕ ДЕПОНИИ НА ШАРПЛАНИНСКИТЕ СЕЛА. ОТПАДОТ НЕПРАВИЛНО СЕ ОДЛОЖУВА ВО НЕКОИ РУРАЛНИ СРЕДИНИ ОТИ НЕМА СООДВЕТНА ИНФРАСТРУКТУРА И ЗАТОА ЛУЃЕТО ГО ОДЛОЖУВААТ ОТПАДОТ ВО ДОЛОВИ, РЕКИ, ПЛАНИНИ И ТОА ТРЕБА ДА СЕ СПРЕЧИ. ЛУЃЕТО ТРЕБА ДА ЗНААТ ДЕКА НЕ ЈА ЗАГАДУВААТ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ТАА ЌЕ ОПСТАНЕ, ТИЕ ГО ЗАГАДУВААТ СОПСТВЕНОТО ЗДРАВЈЕ И ЗАТОА ЈА СОЗДАДОВМЕ „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ЗДРУЖЕНО ДА ЈА ИСЧИСТИМЕ НАШАТА ТАТКОВИНА, ДЕКА ЛУЃЕТО КОГА ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ВО ЕКО-АКЦИИ ПОДРУГО СЕ ОДНЕСУВААТ СО ПРИРОДАТА, ИЗЈАВИ ГОРДАНА СОФИЈА ОД „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“.
Фото: Слободен печат

Акцијата е во организација и финансиски помогната од МНП Македонско-австриско здружение,

„ДОДЕКА ВОЗЕВМЕ КОН ШАРА НАГОРЕ КОН СЕЛО ВЕШАЛА ЕДЕН ЧОВЕК ЗАСТАНА СО ВОЗИЛОТО И ГО ФРЛИ ОТПАДОТ ВО РЕКАТА, А МОЖЕШЕ ТОЈ ОТПАД ДО ГО ОДНЕСЕ ВО ТЕТОВО. ЗАТОА НИЕ САКАМЕ ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАЧИНОТ НА КОЈ ЛУЃЕТО СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОЈОТ ДОМ. КОМПАНИИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗАСТАНА ЗАД ОВА, СЕПАК ОВА Е НАШ ДОМ И КАКО ШТО ГО ТРЕТИРАМЕ НАШИОТ СТАН ТРЕБА ИСТО ТАКА НА ИСТ НАЧИН ДА ГО ТРЕТИРАМЕ И СЕТО ОНА ШТО Е НАДВОР НИЗ УЛИЦИТЕ ПО КОИ СЕ ДВИЖИМЕ, ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИМЕ ТИЕ ДА БИДАТ ЧИСТИ,А НЕ САМО ДА ГО ВПЕРИМЕ ПРСТОТ КОН КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТУИЈА“, РЕЧЕ ХАНЕС ЈЕКЕЛ ОД „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Депонии има пред влезот и излезот на секое шарпланинско село. Од Националниот парк Шар Планина велат дека најкатострофална е состојбата во општините Тетово, Врапчиште и Боговиње, чии територии се во рамки на Националнот парк. Комуналните претпријатија во голем дел од селата не го собираат односно третираат отпадот, па мештаните немаат каде и така најчесто отпадот завршува по долините, реките и ливадите.

Сликата е ужасна, ако се земе предвид фактот дека вака е со децении.