Со положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев одбележан 23 Октомври

0
86

Со положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк денеска беше одбележан Денот на македонската револуционерна борба.

Цвеќе положија делегации од Кабинетот на претседателот, од Владата и Собранието, како и претставници од здруженија на граѓани.

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е прогласен за неработен ден. По повод денешниот празник, државниот врв упати честитки до граѓаните. Празникот се одбележува и во останатите градови низ државата.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО).

Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор. Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава