СО ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ И ДОДЕЛА НА БЛАГОДАРНИЦИ, ОДБЕЛЕЖАНИ 21 ГОДИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЕДИНИЦАТА ЗА БРЗО РАСПОРЕДУВАЊЕ

0
433

Денеска со особена гордост во мое лично име и во име на МВР повторно ја имав честа од базата на полицискиот центар ,,Ѓорче Петров”, да ги поздравам припадниците на Единицата за брзо распоредување, не само заради чествувањето на значајниот датум – Денот на формирањето на Единицата, туку и заради нивните бројни позитивни достигнувања на кои сме исклучително горди години наназад.

Оваа единица во текот на својот раст ги поприми контурите на визијата со којашто стартувавме пред неколку години – за градење на нов ефикасен безбедносно-полициски систем што целосно ќе биде во функција на потребите на сите наши граѓани.

Примарна заедничка цел беше и останува мотото дека за нашата полиција, за сите нејзини припадници не треба и нема да постои градација на важни и помалку важни единици или работни задачи, оти нашата заедничка цел, но и со Уставот и законите, дефинирана задача е чувањето на редот и законите како и сигурноста и безбедноста на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Почитувани припадници на Единицата за брзо распоредување нека ви е честит Денот на единицата!
Да живее македонската полиција, да живее Република Северна Македонија!

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.