СО ПЕНАЛ РУЛЕТ ШПАНИЈА ЈА ПОБЕДИ ХРВАТСКА СО 5-4 ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА НАЦИИ

0
713

Фудбалската репрезентација на Шпанија е освојувач на третото издание на Лигата на нации откако во финалето во Ротердам во трилер натпревар по изведување на пенали славеше над Хрватска со 5-4.

Еден тврд и тежок натпревар во кој и двата тима повеќе гледаат како да го заштитат својот гол, отколу да го загрозат другиот, па повеќе од реален исход е тоа што по 90 минути се уште стојат почетните 0-0.

Во продолженијата и двете репрезентации имаа полушанси кои не ги искористија, па на крајот натпреварот замина во изведување на пенали.

Таму прво Ловро Мајер не успеа да реализира во четвртата серија, а Лапорт ја имаше меч-топката во петата серија, но ја погоди пречката, па трилерот во Ротердам продолжи. Во шестата серија промаши пенал и Бруно Петковиќ, а втората меч топка ја материјализираше Дани Карвахал за победа на Шпанија од 5-4.