СО ОФИЦИЈАЛЕН ПРИСТИГНАТ ДОПИС ДО КЛИНИКАТА,СЕ БАРА ДОКТОР НИНО ВАСЕВ ДА СЕ ОДДАЛЕЧИ ОД РАБОТНОТО МЕСТО

0
355

До скопската Клиника за онкологија официјално стигнал допис за одалечување на поранешниот директор Нино Васев од работното место, дознава “Фокус”.

Тоа е една од мерките, кои беа побарани од Јавното обвинителство, откако претходно соопштија дека тој е осомничен за седум кривични дела во делото “Измама”.

За три пак е осомничен организацискиот директор Нехат Нухи.Обвинителството покрена истрага денес против пет осомничени меѓу кои и тројца лекари-онколози, доктор Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски од Одделот за бели дробови, како и доктор Мери Пешевска од Одделот за дојка.