СО ОДЛУКА НА ВЛАДАТА КОМПАНИИТЕ КОИ ОСТВАРИЛЕ ВИШОК ПРОФИТ ЗА ВРЕМЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ЌЕ ПЛАЌААТ ДАНОК НА СОЛИДАРНОСТ

0
619

Компаниите кои оствариле вишок профит за време на енергетската криза ќе плаќаат данок на солидарност. Текстот на предлогот на закон за данок на солидарност беше усвоен на денешната владина седница.

„Придонесот за солидарност, според посоченото од Министерството за финансии, треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека предметните компании, кои што оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар“, се наведува во соопштението од владата.