Со овие напивки стареете побавно

0
692

Здравјето и младешкиот изглед, помеѓу другото, се должат на намалувањето на отровите во телото. Но со оглед на тоа што денешното темпо на живот и начинот на исхрана се сè освен здрави, еве неколку напивки што ќе ви помогнат во таа мисија.

Водата е најважниот пијалак во текот на денот затоа што помага за исфрлување на отровите на телото, ја прави кожата влажна и блескава, а сè заедно го забавува стареењето. Во последно време многу се пишува и за зелениот чај, кој иако не е чудотворен, има силно влијание врз здравјето и врз изгледот.

Полифенолните антиоксиданси, со кои е богат зелениот чај, помагаат во одржување здрав и убав изглед, за бујна коса и кожа без брчки, така што се препорачува внесување 2 -4 шолји дневно.

Сокот од домати е исто така богат со антиоксиданси, особено со многу делотворниот ликопен, кој ја одржува кожата убава и негувана. Исто така, доматите го подобруваат варењето и ги активираат цревата што дополнително ќе помогне за исфрлање на токсините од телото.

Топлото какао е добро за срцето и за кожата затоа што научниците тврдат дека има повеќе антиоксиданси од кофеинот, црното вино или зелениот чај, па можете еднаш дневно да си направите шолја топло домашно какао и да ја задоволите желбата за слатко, но и да направите нешто за својот изглед и здравје.

И за крај, омилениот пијалок за сите кои велат дека им го препорачал доктор – црното вино. Консумирањето во ограничени количини го штитат срцето и даваат младешки изглед со помош на ресвертролот, антиејџ состојка која дава младешки изглед и го продолжува животот. Секако, ограничете го внесувањето на една чаша дневно.