Tuesday, June 17, 2025
24.8 C
Skopje

СО ДОНАЦИЈА НА 2000 САДНИЦИ СЕЗОНСКО ЦВЕЌЕ ТИТАН УСЈЕ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 5-ТИ ЈУНИ

Над 2000 садници сезонско цвеќе беа поделени во општина Кисела Вода во рамките на волонтерската акција што ја организираше ТИТАН Усје по повод одбележувањето на Светскиот ден на животната средина – 5 Јуни. На настанот, менаџментот на компанијата и над 40 вработени на жителите на општината Кисела Вода во паркот „Шопен“ и во паркот кај културниот дом „Билјана Беличанец“ делеа садници со сезонско цвеќе.

Акцијата за одбележување на „Светскиот ден на животната средина – 5 Јуни, ТИТАН Усје ја спроведува со Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и еко инженеринг „Ханс – ЕМ“. На настанот учествуваа и претставници од оваа академска институција, како дел од соработката со ТИТАН Усје во рамките на меморандумот за соработка кој беше потпишан неодамна.

Како дел од акцијата беа донирани и садници кои ќе бидат засадени на посебна локација на територијата на општината Кисела Вода. Одбележувањето на Светскиот ден на животната средина е во рамките на активностите на ТИТАН Усје за одбележување на јубилејот 70 години од основањето.

ОВАА НЕДЕЛА

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

ВМРО-ДПМНЕ ВО ВЕНКО: КОГА ЗБОРУВА ФИЛИПЧЕ, ЈАВНОСТА НЕ СЛУША ПЛАН, ТУКУ ЕХО ОД ДУБАИ

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СТАВОВИ НА ФИЛИПЧЕ Кога зборува Филипче, јавноста...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ