Вицепремиерот и министер за транспорт денеска изврши увид на изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани-Кичево, за која рече дека е најтешката траса од автопатскиот Коридор 8 на запад. Смета дека оваа делница целосно ќе го промени функционирањето на економијата, туризмот и економскиот раст во земјата.
„По 50 години, почнува изградба на автопатот Гостивар-Букојчани-Кичево, најтешката траса од автопатскиот Коридор 8 на запад, што значи дека помеѓу главниот град и Охрид и Струга ќе се патува за околу час и половина“, рече Никоооски, посочувајќи дека со оваа делница практично ќе се реши најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје-Кичево-Струга-Охрид.
„Навистина мислам дека имаме историски ден. Ова целосно ќе го промени функционирањето на економијата, туризмот, а ќе го забрза и економскиот раст. Ова ќе значи и голема поврзаност за сите“ рече Николоски.