Софија Куновска: Смртта на Крпач оди на сметката на судот и на Иванов

0
921

Смртта на Коста Крпач оди на сметката на судот и на претседателот Иванов, пишува на Фејсбук пратеничката Софија Куновска.

„Таа е насилен аргумент зошто неодредување на мерки притвор можат да бидат фатални. Да имаше притвори за сите осомничени ниту некој ќе можеше врз некого да прави притисок, ниту некој ќе можеше да помисли некого физички да елиминира. Иванов мора да ја повлече аболицијата веднаш и без одлагање“, пишува Куновска.